Дачиќ му пеел на увце на на албанскиот премиер Рама

0
502

Ова не е првпат Дачиќ да ги покаже своите пејачки способности и на неговиот репертоар најчесто се наоѓаат хитовите на Халид Бешлиќ, Шабан Шаулиќ и на Весна Змијанац.

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ бил задолжен за добрата забава на Конференцијата за Западен Балкан, која се одржа во Париз минатата недела.

По завршувањето на официјалниот дел, францускиот претседател Франсоа Оланд приредил вечера, а згора на тоа на премиерот на Албанија, Еди Рама, му било роденден. Еди посакал Ивица да му отпее една песна, а изборот паднал на „О соле мио“ и „Санта Луција“ .

www.telegraf.mk