Дадилка наместо да го чува, малтретирала деветмесечно бебе

0
297

Дадилка која била ангажирана да чува деветмесечно бебе во Скопје, наместо да го чува, го малтретирала.

Обвинителството донесе наредба за спроведување на истражна постапка и до Основниот суд поднесе предлог за определување на мерка притвор поради постоење на опасност од повторување на делото.

Родителите на бебето ја ангажирале дадилката да го чува и негува деветмесечното бебе. Наместо нега, осомниченото лице врз детето применувало различни облици на малтретирање и грубо однесување.

По проучување на кривичната пријава и доказите, јавниот обвинител најде дека постои основано сомнение за сторено кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 од Кривичниот законик, за кое е определена казна затвор од една до десет години./крај/мф/ффс

Без коментари

LEAVE A REPLY