Дадилката осудена на една година и два месеца

0
449

Дадилката која беше обвинета за малтретирање на деветмесечно дете е осудена на казна затвор во траење од една година и два месеца.

Судењето против дадилката беше затворено за јавност и медиумите немаа можност да ја слушнат пресудата, туку беше соопштена од Основниот суд Скопје 1.

Нејзиниот адвокат по првото рочиште изјави дека дадилката се изјаснила дека не се чувствува виновна и побара преквалификација на делото и тврдеше дека бебето немало тешки телесни повреди.

Според обвинителството, родителите на деветмесечното бебе ја ангажирале жената за да го чува нивното бебе, но се посомневале дека го малтретира нивниот син кога забележале модринки по неговото тело.

Бебето кое го малтретирала дадилката која била ангажирана да го чува, било нервозно, невесело, врескало навечер, а неговиот татко ја начекал дадилката и како го удира по лицето.

На 20 август таткото ненајавено влегол во домот во Скопје и ја забележал шеесет и едногодишната дадилка како со рака го удира по лицето. Но не изреагирал, мислејќи дека се работи за негов превид.

Наредните денови поставил видео камера во својот дом со цел да го заштити своето дете и да утврди како за него се грижи дадилкaта.

На видео снимката, којашто е објавена и во јавност, се гледа како дадилката го малтретира и тепа детето, му вика, го навредува, го штипи за рачето, го треска во релаксаторот и во раце, го тегне за уши.

Тетката на бебето на социјалната мрежа Facebook објави видео од скриена камера што ја поставил таткото на бебето, на кое се гледа како дадилката наместо да го чува, го малтретира бебето./крај/мф/ффс