Даикаиџу во Битола приредија огнен музички спектакл

0
175

Откако минатата година приредија несекојдневен концерт во Порта џез, американскиот сурф рок бенд Даикаиџу, повторно одржаа настап во нашиот град и ги воодушевија посетителите во Порта џез.

Овој бенд чиј настап го карактеризираат перформансите под маски ,имаат бројни фанови ширум светот а каде и да настапат ја освојуваат публиката со необичните настапи, огнени перформанси и автентичен музички звук.
Нивните концерти, обично се опишуваат како најлуди а Даикаиџу се бенд кој својата публика ја придобива токму со лајв настапите од кои никој не заминува рамнодушен.
Музичките зрачења со хипердимензионални звукови, создаваат суперсонична енергија која за брзо се пренесува кон публиката.