Дајселблум се надева дека оставката на Ципрас нема да го одложи пакетот помош

0
250

Претседателот на Еврогрупата, Јероен Дајселблум се надева дека оставката на грчкиот премиер Алексис Ципрас и новите избори нема да го одложат пакетот на помош кој Атина го договори со кредиторите.

 

„За Грција е клучно да ги одржи своите обврски кон еврозоната“, рекол Дајселблум, пренесуваат светските агенции.

Тој потсетил дека грчкиот парламент во значаен број ја поддржа новата програма и пакетот реформи, додавајќи дека се надева оти изборите ќе донесат уште поголема поддршка во новиот грчки парламент.

Ципрас во четвртокот вечерта поднесе оставка, а Грција повторно на избори треба да излезат на 20-ти септември.

„Сакам грчкиот народ да го оцени тоа што го направивме од 25-ти јануари – и исправното и погрешното. Мандатот кој го добивме пред шест месеци е исцрпен и дојде време да проговори суверениот народ. Народот треба да одлучи кој и како ќе преговара за смалувањето на долгот на грчката држава“, порача Ципрас во четвртокот./крај/мф/бс