Дали аномалијата кај тримесечното бебе од Дојран е предизвикана од вирусот зика?

0
632

Пред две недели на Клиниката за детски болести во Скопје било донесено тримесечно бебе од Дојран со мала глава, аномалија во делот на черепот. Лекарите се сомневаат дека е тоа последица од заболување со вирусот зика кое се пренесува со еден вид комарци.

Првите анализи покажале дека оваа аномалија не е последица на други, досега познати вируси кои предизвикуваат микроцефалија.

Примероци од крвта на бебето веќе се испратени во референтна лабораторија во Германија и се очекуваат резултатите, велат од Клиниката за детски болести.

Детето било родено со аномалија која е можеби е предизвикана од вирусот уште во првите три месеци од бременоста. Мајката во тој период патувала и во Грција.

Светската здравствена организација во февруари го прогласи вирусот зика за глобална здравствена закана, по препорака од Комитетот на независни експерти.

Светските здравствени власти соопштија дека вирусот зика, кој се поврзува со сериозни аномалии при раѓањето кај илјадници бебиња во Бразил на почетокот од годинава, се шири брзо во Америка и дека таму може да се заразат 3-4 милиони луѓе. Вирусот се пренесува на луѓето преку каснување од заразен женски комарец од родот Aedes, истиот тип комарец што ги шири треските денга, чикунгуња и жолтата треска. Во тек е трката да се развие вакцина за зика.

www.mkd.mk