Дали Битолчани ги подготвија автомобилите со зимска опрема

0
575

Дали Битолчани чекаат да зврни снег за да купат зимиски гуми или веќе почнаа да ги подготвуваат возилата со зимска опрема?
Зимата ни е пред прагот, па токму затоа и возачите треба да ги подготват своите возила за безбедно движење во зимски услови.
Од 15 ноември, почнува да важи обврската за задолжително носење зимска опрема во возилата. Со што се треба да бидат опремени возилата ?
14803133_787147594722321_661529189_o
– Под зимска опрема се подразбира, кај возилата чија носивост не надминува три и пол тона зимски пневматици кои имаат длабина на шарата 4 мм и е распоредена по должина и обем на самата гума или летни гуми и тие спаѓаат под зимска опрема чија длабина на шарата мора да биди по обем и должина 4 мм и да поседуваат синџири да одговараат на пониска осовина. Во оваа категорија спаѓаат и патничките возила, комбињата и сите други возила кои не надминуваат носивост од три и пол тона. изјава, Славко Гичевски раководител на Пнеуматик

Во текот на зимата климатските услови се поинакви од оние во летниот период и затоа е потребно користење на посебно дизајнирани пневматици за таа намена. Затоа, летните пневматици треба да бидат заменети со зимски.

-Разликата меѓу летната и зимската гума е во тоа што зимската гума се произведува од специјален матријал кој во него има силикола која му дава еластичност на гумата, и гумата подобро лепи, друга карактеристика е тоа што зимската гума дизајнирана е така што има пет пати поголеми ламели кои како канџи се зафаќаат на површината на патот и не лизгаат. Дизајност и еластичноста на гумата даваат да гумата налегни подобро од летната гума на површината и не дозволува пролизгување на возилото. изјави, Славко Гичевски раководител на Пнеуматик

Доколку не се почитуваат правилата за користење и носење зимска опрема во возилата, кои се предвидени во Законот за безбедност на патниот сообраќај, согласно истиот, на секој возач кој постапува спротивно на одредбите ќе му биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противредност, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови.

– Ние во нашиот продажен салон препорачуваме да се возат летните гуми во лето , зисмките во зима, значи сет летни ссет зимни гуми, и тоа Битолчани секогаш го применуваат.изјави, Славко Гичевски раководител на Пнеуматик

Обврската за носење на зимска опрема важи до 15 Март наредната година.

Без коментари

LEAVE A REPLY