Дали читаат и колку купуваат книги битолчани?

0
597

Од година во година се намалува продажбата на книги на уличната тезга кај сопственикот Никола Пинза кој веќе 38 години се занимава со проджба на книги. Вели дека тоа се должи на слабата куповно моќ на граѓаните. Кај него можат да се најдат многу наслови на книги а нивната цена се движи од 100 до 5000 денари, во зависност од тоа за каква книга станува збор .

-Од година во година се помалку луѓето купуваат книги, тоа најверојатно се должи на економската криза, луѓето немаат пари, изјави Никола Пинза сопственик на Издавачка куќа Едиција Комерц-Битола

Повќе купувале повозрасните граѓани кој најчесто барале политичка литература и литература за алтернативна медицина, а младите пак белетристика, наслови на книги од нови автори.Класиците ретко кој ги купувал. Туристите пак речници по македонски јазик и готвачи со традиционални македонски рецепти.и туристички водичи.

-Повеќе купуваат повозрасните и најчесто се бараат книги со политичка содржина, и алтернативна медицина. Младите пак бараат белетристика, полесни книги што сега сакаат да ги земат на летовање, додаде Пинза

Нашата камера регистрира и неколку битолчани кои што застанаа на тезгата кај Пинза. Ги запрашавме колку читаат и што читаат во моментот?

-Могу читам, во мементот читам книга од Ајше Кулин и Гијом Мисо, вели битолчанка

Таа со порака до младите граѓани

-Со секоја турска серија умира по една книга, младите повеќе да читаат, додава таа

Во Битола минатата година беше затворена книжарницата на битолски Широк Сокак, која повеќе години беше единствена во градот. А од каде да купите книги?