Дали данок за мрсна храна?

0
1203

Изминатите неколку дена актуелна е темата за воведување на данок на мрсната храна. Министерот за здравство најави дека пред да се донесе било каква одлука задолжително ќе се дискутира со производителите и експертите.Но тука има неколку отворени прашања. Дали со воведувањето на данок на мрсната храна, ќе се зголеми цената на истото, и дали со тоа ќе има намалување на цената на здравата храна. Битолчани поделени во мислењето

 -Тој што си јаде мрсна храна ќе продолжи да си јаде, вели граѓанин

 – Како што иди времето гледам ништо нема да јадиме, вели друг граѓанин

 – Се повеќе има сиромаштија уште данок ни фали ,вели битолчанец .

Граѓаните консумираат храна со многу повеќе масти за разлика од просекот во европските земји, покажуваат последните податоци од студијата за исхрана во Македонија.Прво јавни дебати, па потоа можно е и кај нас да се воведе “данок за маснотии”. По примерот на неколку европски држави и Македонија размислува со ваква мерка да се превенира дебелината и болестите предизвикани од прекумерна тежина. Министерот за здравство најавува дека пред да се донесе било каква одлука задолжително ќе се дискутира со производителите и експертите.

Според Тодоров овој чекор следи по добиените алармантните податоци од студијата за исхрана во земјава. Истражувањата покажуваат дека македонците јадат храна со повеќе маснотии, сол и шеќер од европскиот просек, а дури 80 отсто од населението нема доволно физичка активност за подобрување на здравјето.

“Данок за маснотии” на одредени продукти има во Унгарија, Франција, Финска, Данска, а ваква мерка за намалување на дебелината најавуваат дека ќе воведат Ирска и Велика Британија