Дали Декадата на ромите е лицемерен проект?

0
697

Во светот тече Декадата на Ромите, по која се очекува подобрување на состојбата на една од најсиромашните заедници во светот. Ромите во Македонија се делумно задоволни од тоа колку државата прави за да го подобри нивниот долгогодишен статус на наводни граѓани од трет ред бидејќи се’ уште се чуствувале дискриминирани поради својата етничка припадност. Нема отворени расистички напади, но има голем број примери за тивка дискриминација, сметаат невладините организации што се занимаваат со ромските прашања, истакнувајќи дека широките политички права што ги има оваа заедница не го надоместуваат нискиот општествен и економски статус.По ова се поставува прашањето дали Декадата е лицемерен проект или декор?

Нежет Мустафа министер без ресор вели дека 3500 стипендии не се декор, ниту пак над 2000 деца бесплатно во градинка, наместо на улица.

Ромите во Македонија уште од независноста на земјата имаат свои пратеници, владини функционери и општина со градоначалиник, што за сега е единствен пример во светот.

Мустафа додава дека декадата за него е конкретна и реална и дека сите земји од нашите проекти прават копи паст.

Ромската заедница и натаму живее на маргините на општеството. Главен проблем се нерешеното прашање за домување, невклучувањето во редовниот образовен процес и здравствената заштита.

Без коментари

LEAVE A REPLY