Дали е потребен таложник за прочистување на водата?

0
442

Со цел граѓаните на Битола да добијат поквалитетна и почиста вода ЈП Водовод ќе гради таложник во филтерницата

– Во моментот ЈП Водовод е во фаза на јавна набавка на тендер кој е во тек за извршување на проценка на технолошкиот процес на прочистување на водата во филтерницата. Ова се прави со цел да се добие покваитетна и почиста вода. Во прашање е е изградба на таложник. Оваа екпертиза треба конечно да дефинира дали на ЈП Водовод и на општина Битола им е потребен таложник за прочистување на водата, или можиме да продолжиме на овај начин како досега, изјави Горан Стефановски директор на ЈП Водовод Битола

На тендерот можат да се пријават и компании и фирми надвор од Македонија, бидејќи се бараат експерти и стручни лица за изградба на овај таложник

-Тендерот е меѓународен, очекуваме да се јават и фирми од надвор, бидејќи не знам дали во Македонија ќе се соберат такви стручни кадри. Треба екипата да биде стручна која што ќе има искуство барем во два вакви слични проекти, бидејќи се работи за прочистување на 500 литри вода во секунда. Во Македонија нема ниту една филтерница која прочистува толку вода. И во Скопје нема бидејќи се работи за изворска вода која е сама посебе чиста, додаде Стефановски

За време на летниот од ЈП Водовод се во план да направат променат на застарените таблестите затворачи во филтерницата

Филтерницата е изградена во 1983, а проширена во 1999 и има капацитет од 1080 литри во секунда за прочистување на водата.