Дали есента носи депресија?

0
1630

Време е да го оставите летото зад себе, колку можете повеќе со позитивни мисли. Есента е тука. Таа со себе носи временски услови кои знаат да влијаат на нашето расположение. Намуртени темни утра, студен ветер и секако дожд,…ах дождот кој ви ги водени ногавиците, ве прска по лицето и ви го прави секојдневието тешко.Есента е едно необично годишно време.Многумина ја сакаат, но и многумина ја презираат.Ја обвинуваат дека влијае на расположението, придонесува за развој на депресија и им ја отвора портата на главоболките.Денеска, на овој есенски ден, ги прашавме битолчани, дали есента им влијае на нивното расположение?

Секако дека влијае, но очекувано, инаку есента е многу убаво годишно време, ако си на планина со сета таа златна боја, јас ја сакам есента и заради храната и заради природата за мене најубавото годишно време, ја сакам есента како и сите годишни времиња и таа си има своја убавина, ни рекоа битолчани кои ги прашавме на Широк Сокак.

Знаеме дека во текот на есента и зимата има помалку сончева светлина која го подига нивото на мозочниот хормон серотонин, природен антидепресив или често наречен, „хормон на среќа“. Затоа во текот на денот најдете слободно време да излезете надвор и не шетајте само навечер. Светлоста го подобрува расположението, па затоа кога сте дома не седете во темница, избегнете ја депресијата. Издвојувајте по 20 минути дневно за да фатите колку можете повече зраци од срамежливотот есенско сонце.Лошото расположение, според статистиките, најчесто ги погодува осамените лица.Неопходно е да се водиактивен и друштвен живот.Запишете се на некој курс или клуб.Тоа ќе ви помогне да не паднете во депресија поради осаменоста.Предоните годишни времиња, пролетта и есента, влијаат на состојбата на организмот.Во текот на есента метаболизмот се успорува , а и самата помисла на нвата учебна година, зимниците, дебелата облека и дождливите мрачни денови не фрла во депресивно расположение. Сепак со мали напори, постојано можете да бидете со ведро и позитивно расположение.За почеток носете ведри шарени бои, бидете сами свое сонце, носете жолта боја на облека.Од денес нашето подрчје ќе биде под влијание на влажна воздушна маса, што ќе услови со врнежи од дожд со променлив интензитет.Температурата ќе опадне за 5-8 степени во однос на денешната.Утринската се движи од 8-15, а дневната од 11-17 степени.За ноќеска синоптичарите најавуваат можност и за првиот снег во Македонија на шарпланинските врвови.

Без коментари

LEAVE A REPLY