Дали грипот убива?

0
732

„Грипот постои уште од праисторијата. Старите него го нарекуваат чистачот на слабите“-
вели Д-р Тања Струмениковска

Суровата вистина е таа. Но. како дојде до тоа, болеста на која како деца сме се радувале затоа што ќе не држи два-три дена надвор од училиште и ќе направи родителите да не размазуваат, а потоа магично ќе ја снема, сега ја крева цела јавност на нозе.

„Се умира од компликациите, а не од грипот. Слабиот организам подлегнува на своите претходни постоечки болсти“- вели Д-р Тања Струмениковска

Како Битола стана неславен шампион по грипозни и смртни случаи во Македонија?
Навистина ли грипот со себе зема млади и здрави луѓе како што шпекулира чаршијата?

„Смртните случаи од Битола, се хронични болни со докажано ослабен организам“- вели Д-р Тања Струмениковска

Грипот бил и ќе биде грип независно какво бројче ќе му додадат светските медиуми и големи умови. Многу побитно е да се зачуваме од другите болести на кои грипот се накалемува.
Од старост не можеме да се дочуваме, но превентивата од останатите заболувања во денешно време на напредна медичина и техника е само прашање на наша волја.