Дали и како функционира пожарната во Битола

0
604

Совеникот од СДСМ Зоран Стојчевски денес им се обрати на медиумите за една негова значајна иницијатива која како прашање ја отвори при носењето на основниот буџет. Имено на седница на Совет тогаш , опозицијата поднесе амандман со кој побараа да се одделат средства во буџетот за набавка на притивпожарно возило. Амандманот не им беше усвоен од страна на власта, со образложение како што денеска рече Стојчевски дека се очекува донација на такво возило и немало потреба да се одделат средства

14826459_787146728055741_1922366010_n
-На седница на Совет на општина Битола што се одржа на ден 29.07 и на која имаше точка на дневен ред извештај за работата на ТППЕ и на која присуствуваше командирот на истата, едно од моите прашања беше дали споменатата донација е пристигната, командирот не ми одговори, затоа денес јавно барам од командирот на ТППЕ во Битола , од надлежните служби во општината Битола и од градоначалникот да ми одговорат Дали е пристигнато ако не е кога ќе пристигне споменатото возило

Командирот на ТППЕ во Битола со одговор

14055804_787146608055753_102560339_n

-За купување на евентуално возило на ТППЕ најверојатно е дискутирано кога се донесувал буџетот за 2016 година. Јас со ова сум запознен преку новинарите. На тие седници не сум присуствувал . За најава на донации, може секој ден секој граѓанин и Здружение може да најави. Но ние сеуште сме во преговори за тие донации. Кога ќе биде донацијата конечно потврдена од страна на донаторот, ќе ја објавиме, изјави Костадин Поповски, командир на ТППЕ во Битола

Стојчевски и со други прашања до командирот на ТППЕ

-Дали работи видео надзорот, ако не работи зошто, Дали одреден број на возила не можат да се стават во употреба поради недостиг на гуми и акумулатори и колкав е нивниот број, Дали трите возила лада за превоз на персоналот се исправни ако не се зошто,Дали има доволен број на мобилни ПП апарати и дали истите се сервисираат навремено, Дали целокупната опрема според пописна листа се наоѓа во просториите на ТППЕ посебно, дали е во магацинот , ако не е каде се наоѓа, Дали е применета новата систематизација на работни места донесена на седница на Совет  на ден 21.09.2015 годиниа, ако не е зошто, и Кога вработените кои што ги исполнуваат законските прописи ќе добијат статус на овластени лица?, праша советникот Зоран Стојчевски советник од СДСМ

На ова командирот одговори:

-ТППЕ моментално располага со 14 моторни возила. Од нив 4 се за транспорт на луѓе, односно тоа се тие Лади ниви, а останатите се специјализирани возила. Ладите ниви се возила кои што се максимално експлоатирани и една веќе е дадена за расход, останатите две ги одржуваме онолку колку што е потребно за да направиме одредена комуникација во градот и околината. Ако сметаме дека со нив можеме да совладаме некои потешки планински предели, тогаш се лажеме, зошто сепак Ладите постојано се користени. 8 возила се исправни во границите на нормалното и секојдневно одржување, додаде Поповски.

За потсетување амандманот беше поднесен кога се носеше буџетот за 2016, а во јули оваа година советникот стојчевски уште еднаш го афирмираше ова прашање на седница на која се разгледуваше извештајот за работата на ТППЕ.