Дали и колку битолчани купуваат преку интернет?

0
506

Битолчани не купуваат преку интернет, барем оние кои што денеска ги анкетиравме. Иако има голема експанзијата на модерна технологија, речиси да нема семејство во Македонија кое нема персонален комјутер, или пак мобилен телефон или пак таблет, и голем број на интернет продавници кои нудат производи и услуги кои потрошувачите можат да ги нарачаат и да ги имаат во својот дом, сепак ретко кој се одлучува да нарача производи од интернет, кој поради немање навика, кој поради недоверба.

– Не  купувам никогаш, едноставно немам навика, вели битолчанец

– Не купувам, бидејќи немам доверба

 

Купувањето преку интернет е брзо и едноставно , но за да биде и безбедно, покрај заштитата од Законот на потрошувачи , од исклучително значење е информираноста на потрошувачот за своите права и начини истите да ги оствари. Купувањето преку интернет претставува и склучување на така наречен договор на далечина, велат од ОПМ и додаваат дека досега поплаки од граѓани кои купувале од интернет немале

-Граѓаните треба многу да внимаваат кога купуваат преку интернет. Мора да ги знаат главните карактеристики на производот, идентитетот на трговецот или пак седиштето на фирмата, вкупната цена на производот и услугата, и во кој рок потрошувачот може да го врати производот доколку не е онаков каков што барал, изјави Снежана Димитровска, ОПМ Битола

За да се зголеми довербата на граѓаните во оние компании од каде што ќе нарачаат производи, од ОПМ велат дека треба да постои и независен институт кој што ќе може да дава отценки за производите за кој што се пожалиле потрошувачите.

Освен во ОПМ доколку потрошувачот има проблем при купавање преку интернет , односно со користење на средства за далечинска комуникација, тоа може да го пријави и во државниот пазарен инспекторат.

Без коментари

LEAVE A REPLY