Дали и колку се штетни суплементите за вашето тело

0
855

Најчестата заблуда е дека со диета, гладување и откажување од задоволствата кои им ги носи омилената храна се слабее. Но, најлесниот, можеби не најбрз и најсигурниот начин за губење на вишокот килограми е здравата исхрана и добра физичка активност. Додека пак за обликот на мускулите боди билдингот. Во чиј контекс стои прашањето за штетноста на суплементите.

”Ако е штетна бебешката храна која е со ист состав како протеините, тогаш значи дека и суплементите се штетни ”, вели Паљото.

– Значи во било која аптека да одите земете бебешка каша или храна ќе видите истото што го пишува и на протеините. Значи ист е составот и воопшо не е штетно, тоа е храна, бидејќи со нормално внесување на храна не можи да се постигне поголема мускулна маса, се бара поголемо внесување на храна, некои јадат четири пати на ден некои и повеќе али со тоа се проширува желудникот, затоа се измислени протеини аминокиселини, значи во течна состојба се раствораат во млеко или вода или се во вид на апчиња кои што се користат измеѓу оброци и да се надополни исхраната, изјави Зоран Лазаревски Паљото

Креатинот и протеинот се повеќе популарни од останатите суплементи , но за нивното дејство постојано се поставуваат прашања.

– Со креатинот се зголемува мускулната маса, се добива поголема сила. За да се зголеми мускулната маса треба да се консумира 3 грама протеин на кило телесна тежина, ако е 100кг некој треба да прима 300 грама протеин во текот на денот, а јаглените хидрати треба да бидат 6 грама јаглени хидрати на телесна тежина ако се сака да се зголеми мускулната маса, изјави Зоран Лазаревски Паљо

Доколку се одлучите за вежбање, не смеете да заборавите дека за добри резултати важна улога има и здравата ихрана, додава тој.
Сепак изборот на храна и физички активности што секојдневно го правите има ефект врз здравјето како се чувствувате денеска, така ќе се чувствувате утре и во иднина.