Дали и приватниот поштар ѕвони двапати?

0
1315

Кога времето е пари, сите се трудиме што помалку да потрошиме. Една од поновите иновации за заштеда на нашето време и пари е т.н. „приватна пошта“ односно приватните курирски служби.

Се попопуларни кај граѓаните овие доставувачи на пратки нудат, брзина, гаранција за навремена достава па дури и пониски цени од редовната поштенска достава. Ги има најразлични. Некои доставуваат само локално, некои низ целата држава, а има и такви кои пратките ги доставуваат ширум светот. Заедничка им е гаранцијата за брза и навремена достава.

„Приватните курирски служби гарантираат достава на пратките во рок од 24 часа од приемот… Пратките се следат за време на целата достава, од приемот до испораката.“ -вели Љупчо Ралевски.

Дали ќе останете верни на „стариот добар поштар“ или вашите пратки ќе ги доверите на приватните доставувачи, секако зависи од Вас, но добро е да се има избор да се избегнат долгите редици пред поштенските шалтери, да се избегнат доставите на пратки кои се мерат во недели и конечно, добро е кога се знае дека Вашата пратка која тргнала на пат, токму тој пат, а не некој друг, и ќе го заврши.