Дали и во другите епархии ќе се плаќаат пари за фотографирање?

0
1028

Деновиве во јавноста лавина реакции предизвика неодаманешната одлука на Повардарската епархија да воведе давачка за снимање и фотографирање пред и во верските објекти. За фотографија сликана во црква од свадба или некоја друга церемонија давачката е во висина од 500 до 1000 денари. Фото студијата што се занимаваат со фотографирање на венчавки, веридби, крштевки… повикуваат на бојкот на црквите од Повардарската епархија, а владиката Агатангел им одговара дека ќе распише тендер за тоа кој ќе има право да фотографира по црквите.

Од пред неколку месеци по црквите во Повардарската епархија фотограферите се обврзани да платат некоја нова давачка за сликање и снимање – 500 денари за фотографиите пред црквата и 1.500 денари за сликање и снимање во црквата. Тоа веќе се спроведува во Велес… Сите фото студија од овој крај ја потврдуваат оваа информација и велат дека имале и средба со владиката Агатангел на оваа тема, но без успех. Еден од сопствениците на фото студијата од Повардарието вели дека владиката им рекол оти во сите цркви ќе мораат да плаќаат по 500 денари доколку сакаат да фотографираат, „така сакал Господ“.

По информациите за воведување нова давачка во Повардарската епархија за сликање и фотографирање, со фотографија и со свој коментар се огласи Владиката Пимен.

На својот Фејзбук профил напиша „ Пред воведувањето на сликарината. Дур е безплатно“.

Од Дебарско Кичевската епархија категорични не планираат ,а никогаш и не размислувале за воведување ваква давачка во нивната епархија.

Од Дебарско Кичевската Епархија не ја коментираат одлуката на онаа од Повардарската епархија.

Од Преспанско-пелагониската епархија за Тера велат дека тие нема да ја следат таквата одлука на Повардарскаста епархија ниту пак некогаш размислувале за таква давачка да наплаќаат.