Дали има место во градинките за прием на деца?

0
733

Има место за прием на дечиња во градинките  кои што се во состав на ЈОУДГ Естреа Овадија Мара само родителите треба да бидат трпеливи. Вака одговори директорот на оваа ЈУ по реакциите на родителите кои што стигнаа до нашата редакција дека не можат да ги запишат своите деца бидејќи им било речено дека нема место  во градинките. Согласно член 60 став 3 од законот за заштита на деца, доколку има поголем интерес за прием, тогаш одлучува комисија која ја формира УО на установите и која што утврдува критериуми за работа а за кои што согласност дава и Советет на општина Битола

-Прво и најважно е детето да биде целодневно згрижено, да е дете чии што двајцата родители се вработени,дете со самохран родител, потоа дете кое што боледува од некоја болест и сметаме дека другото дете кое не боледува треба да биде надвор подолго време од таа средина барем тоа правилно психофизички да се развива и дете чиј родител е на издржување на казна затвор, изјави Лидија Петровска директор на ЈОУДГ Естреа Овадија Мара

Изминатите години голем број на деца остануваа без место во градинките, но последнава година состојбата е нормализирана. Во соработка со Советот донесена е одлука сите воспитни групи да работат со зголемен број на деца, вели директорката

Во ЈОУДГ Естреа Овадија Мара до 31 јануари биле згрижени 826 дечиња во 34 воспитни групи на возраст од 8 месеци до 10 години. Во моментот се работи на отварање на уште две комбинирани групи во градинките Вангел Мајорот и Росица, а во план е зголемување на капацитетите за прием во градинкатите Снегулка и Пролет.

Без коментари

LEAVE A REPLY