Дали има огревно дрво ?

0
1288

Дали има огревно дрво или не? По летните одмори ова е следната тема која е се поприсутна. И гледачи до Тера упатија неколку прашања зошто во Битола немало од каде да набават огревно дрво. Онаму каде што вообичаено се продаваат од страна на приватници, сточниот пазар денеска немаше ниту еден камион. Дрва нема но дрвосечачите беа таму. Велат дека како вообичаено имале работа за овој период од годината , но сепак имало проблем

drvosecac

„ Ние имаме работа за овој период од годината, луѓето постојано не бараат да сечиме дрва . Проблем е тоа што како што велат приватниците не има давале дрва “, вели Бејхан Адиловски

Оние граѓани кои што ги анкетиравме велат дека некои набавиле дрва а некои не

„ Ние си имаме набаведо дрва уште пред три месеци, ги зедовме од ЈП Македонски шуми“, вели граѓанин

„ Нема дрва никаде! Бараме а неможеме да најдеме“, вели граѓанин

Во шумското во Битола денеска не ги добивме, за да прашаме дали сега имаат доволно дрва за продажба и колку се точни информации дека само шест кубици можат да набават, а пред околу 15 тина дена првиот човек за тера изјави дека имле доволно количини на огревно дрво и дека градот Битола и околината благовремено ќе бидат снабдени со истото до почетокот на грејната сезона согласно склучените договори. Тогаш рече дека побраувачката во споредба со лани била зголемена за 10% со објаснување дека на граѓаниете им е најефтино греењето на дрва .

makedonski sumi

Од Здружението на пензионери во Битола велат дека и од кај нив граѓаните доколку сега сакаат да набават огревно дрво нема да можат бидејќи тие ги испорачале дрвата на оние граѓани со кои имале склучено договор уште минатата година во ноември, а нови договори со заинтересирани граѓани не правеле.

Како и да е, останува секој за огрев да се снајде онака како што знае и умее. Зад камерата граѓаните велат дека од кај приватници цената на огревното дрво е поскапа и стигнува до околу 3000 денари. Колку за споредба ако набавите дрва од ЈП Македонски шуми ќе ве чинат 2661 денар за просторен метар даб а буката е 2578 денари.

Без коментари

LEAVE A REPLY