Дали има опасност од нови поплави во Могила?

0
1643

„ Направени се превентивни мерки околу расчистувањето на речното користо на Црна река со планот со кој беа опфатени четирите општини Битола, Прилеп, Могила и Новаци , направивме расчисување на вегетацијата“ вели градоначалникот на Могила Стево Пивковски.

Во делот на Могила, ги расчистиле одредени канали кои  биле потенцијално опасни за повторување на ланските поплави. Добиле одредена количина на нафта од министерството за животна средина и со комуналните претпријатија и Битолско поле направено е расчистување на тие канали.

Пивковски вели дека заради најавата на метеоролозите за дождови ја следат ситуацијата на терен, но вели дека најавената количината на дождови не би биле опасност за поплави.