Дали изумира македонскиот јазик ?

0
874

Со оглед на тоа што се почесто се користи англиската лексика, се отргнуваме од македонскиот литературен јазик, со користење на англицизми при комуникација, луѓето сакаат да звучат поформало и посовремено, додека пак од друга страна некои сметата дека младите користејќи го постојано интернетот,македонскиот јазик ја губи неговата оргиналност, историја и традиција која што треба да се пренесува од генерација на генерација додека пак познавач на приликата вели дека македонскиот јазик не може да измурме, може само да се развие литературниот јазик.

– Ние немаме хазарска перспектива, ниту сме имале хазарски димензии зад нас, зошто посебно во 1944 кога е прогласен македонскиот литературен јазик за официјален јазик на македонската држава, веќе се удираат темелите за неговата употреба, се официјализира тој во македонската држава и веќе се продуцира литература на тој литературен јазик. Ние имаме огромна литературна продукција познати светски писатели и поети, може да станува збор само за развој на литератутниот јазик но за негово умирање во никоја смисла, изјави м-р Даниела Петровска професор по македонски јазик

Во светот денес се зборуваат околу шест илјади јазици, а на половина им се заканува исчезнување во многу делови на светот. Според статистиката, во последните три века има изумирање или драматично намалување на бројот на јазици, особено на американскиот и на австралискиот континент.