Дали ја негуваме македонската песна?

0
623

Колку ја негуваме македонската музика и песна? Ја искористивме приликата на оваа тема да поразговараме со македонските изведувачи кои ги сретнавме на фестивалот „Константин и Елена“ во Могила. Познавачите ќе речат дека македонската песна претставува неисцрпна и постојана инспирација за голем број творци на уметнички дела. Песната и традицијата произлегува од народот, од неговото секојдневие и тоа укажува на неговиот карактер како трајна вредност.

Горан Симевски со музика се занимава 10 години и пее новокомпонирани изворни песни од Беровско – Малешевскиот крај

– Дали е народна или новокомпонирана важно е да се слуша. Во Македонија мислам дека не се негува македонската песна, вели Горан Симевски

За музиката треба да размислуваме како за универзално средство преку кое луѓето може да се разбираат на уникатен начин, и таа е многу важен сегмент од нашето живеење, вели Милица Кузмановска

-Јас сум еден од тие што останаа да ја чуваат и да ја бранат македонската песна. Исклучиво работам само со македонски автори . Мислам дека треба да се зачува тоа што е наше и мислам дека треба една точка да се стави на се она што се случува, малку да се промени нешто да се свртиме кон македонската песна, бидејќи нема нешто поубо од нашата традиција , музика и песна, вели Милица Кузмановска

Сведоци сме на тоа дека кога настапуваат звездите од бившите југословенски простори, дали од Tурбо фолк или Поп музиката посетеноста е голема . Пример за тоа е и прилепскиот Пиво Фест каде изминатите години големи музичи имиња биле главни звезди, а нашите изведувачи ќе се пофалат со гостување кај иселеници во дијаспората.

-Ние некои од пеачите не дозволуваме да пробијат странските влијанија, бидејќи ако постои добро искомпонирана песна , ако ја испее добар пеач , тогаш значи ќе немаме никаков проблем, вели Зоран Марковски.

-Многу е тешко да се справиме со турбо фолкот и македонската песна. Конкуренција нема. Кој ја почитува и негува македонската песна ќе се пронахјде во таа без разлика дали некој ќе пее турбо фолк и ќе биде многу популарен. Македонската песна е една и единствена, вели Симевски

На фестивалот во Могила се сретнавме и со текстописецот Јонче Ангелевски, кој што ни кажа дека целиот творечки живот инспирација му е Македонија.

-Посебно внимание посветувам на македонската песна, да не биде ни на бугарски ни на друг јазик. Тешко е да се опстани денес, но ако се држиме до македонското ќе успееме . Она што ми го порачуваат изведувачите тоа и го пишувам. Нема земја поопеана од Македонија, вели Јонче Ангелески

Некој некогаш рекол дека секоја музика е прекрасна, но нашето македонско опкружување од година во година станува сè пострашно и пострашно во однос на тоа каква музика се пласира и што сè се популаризира.