Дали ќе имаме слободни и фер избори?

0
380

-Поради одолговлекувањето и блокирањето на политичкиот процес , многу работи не се направија за да можеме да имаме фер и демократски избори.Чекорите кои го уназадија политичкиот процес не оставија ниту време ниту простор за потполно коректни услови за сободни избори, односно не знаеме колку ќе бидат слободни, тука останува на Граѓанскиот сектор да помогне што повеќе. Очигледно е дека политичките елити не се заинтересирани за вистинско обезбедување на слободни и ер избори, туку повеќе се заинтересирани за политички поени кај гласачите. Ние категорично тврдиме дека слободните избори треба да се обезбедат или да нема избори, бидејќи ако немаме слободни избори тоа ќе биде дополнителен товар и финансиски, и политички и општествен, а тоа не можеме да го прифатиме и дозволиме, изјави Џабир Дерала претседател на ЦИВИЛ