Дали ќе се гради кружен тек кај КЕОПС?

0
664

Во 2013 година во Битола се почна реконструкцијата на улицата „ Васко Карангелевски“. По завршената санација на коловозот и изведбата на кружен тек кај Педагошкиот факултет, општина Битола продолжи со реализацијата, со предвидената реконструкција на коловозот на улицата „Васко Карангелески“, еден од кружните текови се изгради на местото на некогашните семафори кај супермаркетот „Веро“, а дополнителен се планираше кај хотелот „Битола“ во близина на трговскиот Кеобс, со што оваа улица требаше да им три кружни тека. Денеска тука забележавме градежни активности. Од општина не информираа, улицата „ Васко Каранѓелевски“ во делот пред трговскиот центар КЕОПС ќе се асфалтира. Активностите ги изведува „Гранит“, а кружниот тек кој што е предвиден нема да се реализира, затоа што улицата „ Димитар Илиевски – Мурато“ која што се спојува со улица „ Васко Каранѓелевски“ нема да ја добие предвидената димензија со стариот ДУП, бидејќи има голем број на граѓани кои што на предвидениот потег се здобиле со можност за легализација на своите објекти, што значи предвидената фреквенција на возила од поголем обем во иднина нема да се реализира. Општина Битола пристапува кон финализирање односно доасфалтирање на улица „ Васко Каранѓелевски“.Тогаш од страна на локалната самоуправа беше посочено дека кружен тек кај х. Битола би требало да ја подобри безбедноста во сообраќајот и живеењето на жителите во тој дел од градот. Проектот чинеше 25 милиони денари, средства обезбедни од буџетот на општината.