Дали ќе се зголеми интересот за стручните училишта?

0
145

Денес и утре е вториот уписен рок за деветооделенците. Во Битола само во Гимназијата Јосип Броз Тито е пополнет бројот на ученици и нема втор уписен рок додека во останати 6 средни училишта тече вториот уписен рок. Во СОУ Таки Даскало предвидени се да се запишат 612 ученици од кои во 16 паралелки на македонски јазик 544 ученици и две паралелки на албански јази. Најголема заинтересираност како по обичај има за сообраќајната струка вели заменик директорот Добре Босилковски.

VESNA_UPISI_004.jpg

Доколку во овој уписен рок не се пополнат местата ќе има и трет уписен рок на 24 август. Инаку во Битола завршени деветтоодделенци ќе имаме околу 1200 не земајќи ги во предвид деветоодделенците од општините Ресен, Могила, Новаци и Демир Хисар.

VESNA_UPISI_005.jpg

На првото пријавување во јунскиот уписен рок за запишување во средните училишта во Македонија запишани се 12.007 ученици, од вкупно 17.948 пријавени. Од запишаните, најголем дел или 6.405 ученици се во стручно образование, а 5.416 ученици во гимназиско образование.Училиштата кои нема да ги пополнат утврдените ученички места, ќе продолжат да запишуваат ученици до 27 август.