Дали Леонардо Ди Каприо вечерва ќе се израдува?

0
370

Вечерва ќе се одржи една од најпознатите манифестации во светот а тоа е 88та вечер на Оскарите. Американската филмска академија вечерва во Лос Анџелес ќе ја додели најпрестижната филмска награда Оскар. За најголем фаворит според критичарите помеѓу филмовите е „Повратник“ на режисерот Алехандро Гонзалес Ињаритуноминиран во вкупно 12 категории. Овој филм ја има и номинацијата за најдобра главна машка улога, каде фаворит број еден е Леонардо Ди Каприо, додека кај жените најголеми шанси и се даваат на актерката Бри Ларсон за улогата во филмот “Соба“.

Инаку, оваа година имаше побуни и за тоа дека две години по ред белците биле по привелегирани од црните луѓе. Па затоа неколку звучни филмски имиња помеѓу кои Џорџ Клуни, Мајкл Мур и Вил Смит решија да ја бојкотираат манифестацијата. Дали Ди Каприо ќе ја добие наградата за најдобра машка улога останува да видиме вечерва.

Без коментари

LEAVE A REPLY