Дали Македонија ќе им каже збогум на „Јабучарот“ и пиперката „Ајварка“

0
1831

Во екот на сезоната а и во пресрет на продажбата на пиперки и домати, односно пиперката „ајварка“ и доматот „ јабучарот“ нов шок за земјоделците. Од наредната година доколку сакаат да ги произведуваат овие култури Европската комисија донела правилник според кој е утврдено како треба да изгледа плодот од јабучарот и ајварката. Според правилникот секој плод треба да одговара на т.н ДУС- сертификат кој има над 25 морфолошки карактеристики. Доколку производителот на овие култури го нема сертификатот, неговиот производ нема да може да биде увозен во некоја од земјите членки на ЕУ.

-Не смее тоа да се случи, какви домати и пиперки ќе јадеме? Ајварот нема да биде со истиот квалитет квалитет, нашиот ајвар е убав, природен не е вештачки, вели граѓанин

-Овај народ од што ќе живее? Семенските материјали кои што ги земаме воопшто не се оргинал, вели продавач на пиперка ајварка

Земјоделците затечени од информацијата дека нема да можат да ги произведуваат ниту да ги извезуваат домашните сорти и додаваат дека со тоа ќе се изгуби квалитетот на доматот и познатиот ајварот.

Прашање е дали и земјоделците на лебно зрно ќе произведуваат јачмен и пченица, бидејќи и овие култури подлежат на прописете на Европската комисија.