Дали македонскиот литературен јазик правилно се употребува

0
2846

Македонскиот литературен јазик не ја задржува доволно својата форма кога станува збор за транскрипирање на јавните места, јавните превози, јавните објекти, реклами, огласи, плакати и сл. Замената на кирилица со латиница, сè почестата употреба на странските јазици, особено на балканските и англискиот јазик, влијае врз македонскиот литературен јазик. Но дали тогаш тој ја губи неговата оргиналност, историја и традиција која што треба да се пренесува од генерација на генерација?

– Кога станува збор за употребата на литературниот јазик имаме две страни, едната страна е кадарот, кој што е носител на образовниот процес, а од друга страна се учениците. Сите се трудат во рамките на своите можности да го користат литературниот јазик во неговата дадена или запишана норма и правоговорно и правописно. Нашите ученици сметам дека се добро потковани, и дека правилно го употребуваат македонскиот литературен јазик, изјави м-р Даниела Петровска професор по македонски јазик

Но кога станува збор за употребата на македонскиот литературен јазик во социјалните мрежи, тука неговата примена е неофицијална, вели Петровска.

– Јазикот го користат сите на различен начин сведоци сме не само на македонскиот туку сите луѓе во светот користат скратеници, и Англичаните и ние Македонците и Србите, нема народ кој што не прави такви згора-преку изреки или искази при општење на овие социјални мрежи. Тоа е модерен брег кој што не може да се сопре, но не значи дека јазикот е извитоперен во онаа друга смисла, изјави м-р Даниела Петровска професор по македонски јазик

Зошто не се почитува Законот за литературниот јазик?

-Треба да тргнеме и од самите луѓе кои што ги спроведуваат законите и ги гласаат законите, прво треба да се прашаме дали го користат правилно македонскиот јазик, бидејќи тука веќе треба да постои регулатива, изјави м-р Даниела Петровска професор по македонски јазик

Додека пак училишната библиотека на гимназијата Јосип Броз Тито, има поставена изложба на книги од македонско слово, кои што имаат значајна улога врз писменоста на нивните ученици.