Дали младите лица низ Европа имаат слични животи?

0
506

Дали младите лица низ Европа имаат слични животи? Личните врски, сместувањето, работата…. Од Европското движење за Македонија велат дека постојат многу различни практики од кај нас. Дебетите и натпреварите по ораторство се само еден дел од сегментите на студентите во ЕУ. Во земјите од ЕУ има еден концепт кој што се нарекува Мобилни млади

– Младите се движат низ евроспкиот простор, соработуваат со нивните врсници од други Универзите, ја имаат онаа подвижност, да се студира на еден Универзите една година а другата година на друг Универзитет. Тоа е убава можност затоа што да се шприближат луѓето , а кога луѓето се блиски , кога ќе се спознаат тогаш стануваат пријатели. Така се создаваат релации така се создаваат односи, изјави изјави проф.д-р Милева Ѓуровска, претседател на Европското движење на Р.Македонија

Во ЕУ речиси некаде околу 15% од студентите се мобилни, студираат од едно до друго место , и се разбира и други различни манифестации со цел да се збогати социјалниот живот на студентите. Па тука се поставува прашањето каква е социјална инклузија на младите кај нас во споредба со младите од Европските земји?

-Постои концепт на социјална инклузија, да не се остават туку така да живеат сами да го наоѓаат својот пат на живото што е многу тежок и кон работното место. Замислетеси еден млад човек кој штотуку излезен од клупа, тој треба да најде работа, тоа просто е неможно.  Во ЕУ тоа е познато. Кај нас овие концепти за социјално живеење на млади  и социјална инклузија во онај период на трансвер од училиште кон работа сеуште е неразвиен. Ние ќе се обидеме на овај начин да ги поттикнеме студентите сами да го исчепкаат овај сегмент што кај нас ги прави многу пасивни, изгубени да речам , оставени да живеат во една пазарна ориентација, тотално пазарна ориентација на нашето општество, кое што им вели одете и живејте во кафулињата и ништо повеќе, изјави изјави проф.д-р Милева Ѓуровска, претседател на Европското движење на Р.Македонија

Според Извештајот за квалитет на животот во ЕУ спроведен од страна на Еурофаунд, луѓето помеѓу 16 и 24 години го имаат највисокиот степен на животна сатисфакција.(рангирана на 7.6. од 10 во просечност).