Дали може да се живее без адвокат?

0
1675

Експресна промена на законите, неинформираност или пак нешто друго е причина  се почесто граѓаните па и компаниите имаат потреба да консултираат или ангажираат адвокати .
Кога последен пат сте побарале адвокат ?

-Правната култура кај луѓето некогаш може да се спореди со културата за постетување доктор, пример кај нас луѓето често се обраќаат кај адвокат кога  најчесто ќе добијат тужба или ќе се најдат во правен ќор сокак.“ изјави Никола Димитровски, адвокат

Граѓаните често заради неразмислување, брзоплетост, а и неинформираниост не се свесни што може еден потпис на договор или изјава да направи. Особено ако при понуди или договори, нешто е напишано со поситни букви.

-За физичко лице можам слободно да кажам дека во секојдневниот живот не е  најнеопходно да се има адвокат каде што ќе можиш слободно да се обратиш, но не е најнужно да имаш адвокат, додека пак за фирмите е незаменливо да немаат адвокат како нејзин правен застапник, вели Димитровски

Многумина ќе речат, не е евтино да се побара адвокатска помош, па затоа и правните и физички лица сами се обидуваат да го толкуваат законите и последиците, но колку пак таквата одлука може подоцна да чини. А колку ќе ве чини правната помош?

– Правната помош не може да биде помала од 1000 до 13000 ден. а од едно превземено дејствие највисока сума која достигнува  е од 78000 ако е ДДВ  обврзник, додава Димитровски

Ако некогаш сте имале став дека добар  пријател и добар заболекар,  не треба да се менува на таа листа додадете  и добар адвокат … или едноставно размислете, пред да ставите потпис и пред да се обврзете при склучување на договор за услуга, за купопродажба, за некоја одлука која може да Ве чини многу подоцна.