Дали на терените на Ниже Поле ќе има ноќно скијање?

0
695

Реконструкција на скијачкиот центар, односно комплетно реновирање и опремување на зимско-летниот рекреативен центар Ниже Поле, ова е еден од 10 капитални проекти кои што ветија дека ќе ги реализиираат од ЦРППР. Мерката 323 т.е Скијачкиот Центар Ниже Поле ќе биде направен по европски стандарди

„ Ова популарно наречено Бачило ќе биде комплетно реновирано. Комплетно ќе бидат реконструирани сите ката кои ги има . Опремено со опрема по сите стандарди. Истовремено ќе се интервенира на дворното место, односно просторот кој што е пред Бачилото, ќе биде уреден и дополнет со урбана опрема“, изјави Емилиа Ѓероска, раководител на ЦРППР

Вториот сегмент кој што бил дел од овај проект, како што велат од ЦРППР е воведувањето на можност на ноќно скијање

„ Ќе биде поставено осветлување вдолж стазата, со што ќе воведеме нова услуга која што досега не беше достапна , а тоа е ноќно скијање во рамките на овај проект , кој што претставува можност за рекреација на сите жители од пелагонискиот регион .

Од ЦРППР со надеж дека овај проект ќе биде реализиран пред почетокот на зимската сезона .

Без коментари

LEAVE A REPLY