Дали наочарите не заштитуваат од УВ зраци?

0
171

Лето е. Познавачите велат индексот на ултавиолетовото зрачење во лето е 3 пати поголем отколку во зима. Интензивните сончеви зраци, уште наречени и ултравиолетови или УВ зраци, можат да ја оштетат нашата кожа, но и нашите очи.Сите ние ја знаеме важноста од користењето на заштитните креми, кои ја штитат нашата кожа од штетните УВ зраци, но што е со заштитата на нашите очи? Заштитата велат познавачите се состои во носење на наочари за сонце и шешири со големи ободи.
Неодамнешните студии покажале дека долготрајното изложување на сончевите зраци, без носење на заштитни наочари, потенцијално може да доведе до состојби кои подоцна може да доведат до ослабување или губиток на видот. Чести компликации на очите од предолгото изложување на сонце се: катаракта и макуларна дегенерација. очите може да добијат сончеви изгореници познати како фотокератитис, кои може да предизвикаат болка, црвенило и солзење на очите. Одбиената сончева светлина од водата, на пример, може да биде најопасен тип на УВ светлина, бидејќи таа е многу поинтензивна се вели во истражувањето на Американската Академија по Офталмологија
Колку наочарите можат да не заштитат од високиот УВ индекс кој деновиве е околу 10 ги запрашавме граѓаните
„ Зависи, што наочари носам, мислам дека некои заштитуваат некои не”, вели граѓанин
„ Колку се поскапи толку се подобри и се со поголема УВ заштита”, вели битолчанец
Во истражувањето на Американската Академија по Офталмологија се наведува дека наочарите за сонце и шеширите со широк обод се најдобар одбрамбен систем за очите против сончевите штетни УВ зраци. За да може ефикасно да ги заштитите потребно е постојано да ги носите, па дури и при облачно време. Потенцираат дека при изборот на наочари да не не залажуват цената и бојата на очилата,туку да бидеме сигурни дека наочарите 99% ќе го блокираат високиот индекс на УВ зраците.
Луѓето од секоја возраст имаат ризик за оштетување од УВ зраци, вклучувајќи ги и децата. Јаките УВ зраци можат да им наштетат на очите, па дури и да предизвикаат привремено слепило. Константното изложување на УВ зраци може трајно да го оштети видот.