Дали патот Битола- Ресен денеска беше затворен за сообраќај?

0
528

Утрово Автомотосојузот на Македонија извести дека поради реконструкција на националниот пат А3, секција Битола – Макази, фаза I-ва од петљата бензинска пумпа на Лукоил до петљата за с. Ротино ќе биде затворен за сообраќај, а сообраќајот ќе биде пренасочен по стариот пат Битола – Ресен. Патниот правец ќе биде затворен од 10ч. до 16ч. И од Општина Ресен рекоа дека имало најави дека ќе почне реконструкцијата на овој пат, но немаа прецизна информација. Екипата на Тера денеска некаде околу пладне беше кај бензинската станица на Лук оил, но патот не беше затворен за сообракај, ниту пренасочен. Инаку еднаш најавената реконструкција на патот Битола-Ресен – Буково, беше одложена заради летната сезона и презакажана за втората половина на август.