Дали политиката одлучи за победата на Џамала?

0
762

Заврши парадата на шундот и кичот ! Главната борба се водеше помеѓу Русија и Украина , победи украинската претставничка Џамала со песната која го опишува руското злосторство над кримските Татари.

Претставничката на Украина, харизматичната Џамала, на својата земја и ја донесе победата на песна на Евровизија 2016 година. На возбдливото гласање , милионскиот адиториум најпрво ги проследи отценките на жирито од 42 држави. Во оваа фаза убедливо најдобра беше Австралија, а следни беа Украина, Франција, Малта и Русија.

После овај дел од прогласувањето на бодовите, следеше најинтересниот дел од преносот, соопштување на резултатите од телеволтингот од цела Европа. До последниот момент беше неизвесно дали ќе победи Украина или Русија.

Џамала доаѓа од Украина а припаѓа на Кримските Тататри. Во песната насловена 1944 на англиски и на кримски јазик ја отпеа трагедијата на своите претци.

Нејзиното вистинско име е Сузана Џамаладинова, родена на 27 август 1983 година на територија на денешен Киргистан, а на сцената е од 2005 година. Таткои е муслиман, Кримски Татар, а мајкаи Ерменка, православна . Музиката е нејзино животно определување и завршила музичко образование. Често сама си ги пишува песните , а жанровски се наоѓа помеѓу џез, опера, soula, и електронска музика.

Во песната 1944 зборува за етничкото чистење кои што го доживеало нејзиното семејство, заедно со над 200 илјади Кримски Тататри. 17  и 18 мај 1944 година силите на Сталин извршиле колективна казна над Татарите, народ со турско потекло. За само два дена се иселиле околу 240 илјади припадници на овај народ од Крим , во Сибир.

Ги транспортирале под нехумани услови, и ги довеле на ладниот север. Џамала зборува како нејзината прабаба за време на транспортирањето умрела од студ.Немале право да ја погребаат-војниците брутално ја исфрлиле од камионот како товар кој смета.

После осамостојувањето на Украина припадниците на овај народ почнале да се враќаат на Крим. Меѓутоа политичките несогласувања , траат и денес, а приказната за несреќниот народ кој е жртва на геополитички аспирации, станува универзален
Во триминутнтата песна 1944, Џамала пееше за теророт кој се одвива пред очите на светот, а светот се прави дека тоа не го гледа.