Дали сега е време за Цеца и Северина?

0
685

Новинарката Анита Даева ја отвори дилемата, особено за организаторите на двата настани  општините Македонска Каменица и Берово дали сега е време да се прават концерти со музички имиња кои општо е познато дека настапуваат за високи хонорари и дека тие пари можат да се искористат за помош на настаданите од поплавите.

Screenshot from 2016-08-09 13:55:22

Таа и со отворено писмо се обрати до Цеца и Северина. Во него се вели:

„ Почитувани дами, Знаете и сами колку сте популарни во нашата земја. Сите Ваши концерти биле полни каде и да сте настапувале ширум Македонија. Вашите песни се слушаат на разни забави, прослави, свадби. Пред 2 дена на мојата татковина и на главниот град Скопје му се случи голема поплава која однесе 21 човечки живот .Најмалиот настрадан е само 2 годишно дете. Жртви ќе има уште бидејќи се уште има исчезнати. Денеска е ден на жалост во Македонија. Читаме по некој портали дека за 20 дена ќе настапувате во два наши града. Доколку е тоа навистина така, ВЕ МОЛАМ во името на настраданите и на сите хумани луѓе откажете се од Вашите хонорари и покажете ја Вашата големина за Македонија во која секогаш сте биле добредојдени. Донирајте ги средствата за помош на настраданите, напиша Даева.

Инаку на интернет страниците на двете општини се најавени овие настани.