Дали студентите ја гледаат нивната визја во Македонија или во странство ?

0
587

Се повеќе студенти заминуваат во странство, тоа ги прави искусни од повеќе аспекти, во интерес на нивните желби одат неколку фактори, меѓу кои и недефинираната пазарна структура во Македонија, потценувањето на работниот труд, кфалификациите, а исто така и причината што студентите во текот на студирањето немаат пракса.

Пари, подобро образование, поплатена работа , ова се дел од причините кои годишно илјадници млади луѓе ја напуштат земјата и заминуваат некаде во странство во потрага по подобро утре. Повеќе профили се барани на запад но во последно време Европската статистика вели дека машинските струки се популарнни.

На германскиот пазар за труд постои голема потреба за квалификуван стручен кадар, а само во една покраина се бараат десет илјади инжинери.

Професорите се задоволни што студентите покажуваат високи знаења, а со тоа се подготвени освен за работа во земјава и на глобалниот пазар. Заминувањето во странство според нив не е добра одлука. Државата треба да се погрижи да останат и да најдат работа.

Сепак студентите сметаат дека работата како инжињери е добра и дава повеќе можности но , долколку не најдат работа во Р.М втортата опција ќе му биди да заминат во странство.