Дали уличното осветлување ќе го распушти Советот?

0
564

Денеска пред советниците повторно се најде Одлуката за Јавно приватно партнерство за уличното осветлување во Битола. Иако еднаш не помина оваа точка не помина во Советот, градоначалникот повторно ја врати на дневен ред

-Ситуацијата со јавното осветлување е статус кво и повторното разгледување на одлуката за поминување на јавното приватно партнерство денес нема да помини, и покрај одбивањето на градоначалникот да ја потпише првата одлука. Комисијата го разгледа неговото решение во кое тој инсистираше на извесни погодности, кој што овај договор им ги пружил на граѓаните на Битола, тој инсистираше да ја сослушаме комисијата која го спроведуваше тендерот по целата постапка. Ние тоа го направивме и до нови заклучоци не дојдовме . Она што иритира е тоа што градоначалникот со ова свое решение на некој начин му се заканува на Советот, и не предупредува дека ако овај пат ја донесеме истата одлука, тој ќе го обжали нашето решение до УСтавен суд, а тоа повлекува и распуштање на Советот, изјави Златко Ќурчиевски советник од СДСМ-Битола

ВМРО-ДПМНЕ го повтори ставот дека ваквата физибилити студија изготвена во 2013 година не кореспондира со условите во 2016 година

-Не се работи за незаконска постапка, се работи за наше видување како советници дека физибилити студијата која е изработена во 2012 година не кореспондира со условите во 2016. Согласно законските прописи долго се одвиваше таа постапка за јавно приватно партнерство и за завршување на тој тендер кој што заврши во 2016 година, со извештајот кој што требаше да го усвоиме на Седница на Совет, но не го усвоивме со една единствена причина .Ние извештајот во овај момент не го прифаќаме, изјави Илче Димовски советник ВМРО-ДПМНЕ Битола

СДСМ во целата оваа работа препознава неподдршка на мнозинството на политиките на Талески

-Имајќи го во предвид дека ние како опозиција бевме цело време против целата постапка што започна уште во 2012 година и имајќи во предвид дека ВМРО-ДПМНЕ со сите свои сили ја подржуваа постапката до пред два три месеци , очигледен е нивниот внатрешен мотив зошто во овај момент се свртија против градоначалникот. Изговори се зборовите за физибилити студија, до некаде држи место, но сметам дека тоа е само алиби да му се сврти грбот на градоначалникот, изјави Златко Ќурчиевски советник од СДСМ-Битола

-Нема таква работа, можеби се различни видувања, тоа не значи дека на некого му се врти грб. Ставовите си се ставови, секој има право на свој став. Тука нема никаков јаз или кавга помеѓу Советот, ОК на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот. Ние и понатаму функционираме нормално во рамки на нашата партија, изјави Илче Димовски советник ВМРО-ДПМНЕ Битола

Што понатаму?

– Ова е последната процедура во рамките на Општина Битола. После ова второ гласање од страна на Советот, тука завршува постапката во рамки на Општина Битола, додаде Димовски

На 54 седница на дневен ред беше и Кварталниот извештај за буџетот.