Дали вирусот зика се пренесува преку сексуален однос?

0
501

Иако во неколку земји во светот има заразени лица со вирусот Зика, досега нема опасност за Балканот, вклучувајќи ја и нашата земја. Здравствените институции ги презеле сите потребни мерки, во случај ако има најави за опасност од овој вирус.
Македонија треба да добие реагенси за докажување на вирусот Зика. Инситутот за јавно здравје ја почнал постапката за набавка на тестовите по препорака од Комисијата за заразни болести. Од државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе ги известуваат локалните власти дека во март треба да почнат со прскање против комарци. Во Македонија според епидемиолозите овој период шансите за појава на Зика се мали, но постои потенцијална опасност од увезени случаи.Епидемиолозите им препорачуваат на патниците што ќе патуваат во ризичните земји како да се заштитат од каснување од комарец
-Сите лица кои патуваат во земјите каде моментално циркулира зика вирусот да се заштитат за време на престојот од убоди на комарци со премачкување и со репеленти, а особено да внимаваат бремените жени и доколку не е неопходно да не патуваат. Сите кои се враќаат од земјите во кои има зика вирусни инфекции, доколку во рок од три недели почувствуваат симптоми специфични за вирусот како температура, конјуктивитис и болки по тело и мускули да се јават на матичниот лекар и да напоменат дека патувале во една од овие земји, изјави д-р Тони Коњановски, Центар за јавно здравје Битола

Вирусот зика брзо се шири низ светот, особено низ Северна и Јужна Америка, но голем страв донесува врската помеѓу овој вирус и болеста микроцефалија.Иако болеста носи мали последици за оние кои ќе бидат изложени на вирусот, можните последици за трудниците се многу сериозни.Не постојат потврдени информаци дека зика се пренесува и преку сексуални односи
-Тоа се теоретски непотврдени случаи, а и онаа корелација со микроцефалијата и други невролошки заболувања е висока коинциденција, додаде д-р Коњановски
Повеќе од 37.000 лица во Колумбија се заразени од вирусот зика, а над 6.300 од нив се бремени жени – соопшти Националниот здравствен институт.Јужноамериканската земја е на второ место во светот по овој показател, веднаш по Бразил.До 13 февруари во Колумбија се регистрирани вкупно 37.011 случаи на заразени луѓе, а меѓу нив се 6.356 бремени жени. Само во последната недела, која е опфатена со статистиката, биле регистрирани околу 5.500 нови случаи на зараза.
Властите во Колумбија оваа година очекуваат над 600.000 случаи заразени луѓе и околу 500 на микроцефалија. Во Бразил веќе се регистрирани повеќе од 1,5 милиони случаи.
Вирусот е проширен во цела Америка, без Канада и Чиле – сопшти Светската здравствена организација.Четири случаи на вирусот Зика се потврдени во Шпанија, информираат од шпанското министерство за здравство.