Дали зимава ќе имаме чисти улици и тротоари?

0
633

Во исчекување на првиот снег, советниците на последната Седница на совет експересно ја изгласаа втората точка од дневниот ред Програмата за организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето на општина Битола за сезоната 2015-2016. Според истата надлежна фирма за чистење на снегот е ЈП Нискоградба. Се поставува прашањето дали изгласувањето на точката од дневен ред значи дека годинава ќе ги одминат проблемите битолчани со неисчистени улици од снег и мраз? Според донесената програма за организирање и функционирање на зимската служба, снегот се чисти најпрво на главните сообраќајници кои што се од прв приуритет, а потоа оние од втор приуритет селата и патиштата до руралните места. Пред да се изгласа програмата, од опозицијата прашаа кој е надлежен за чистење на снегот на паркинзите во градот?

 

-Во чија надлежност е чистењето на снегот од паркинзите, дали на ЈП Нискоградба или пак на Паркинзи?,изјави Горан Козаров од СДСМ

Но никој од страна на позицијата не даде одговор на прашањето, така што програмата за организирање и функционирање на зимската служба беше изгласана со 16 гласа ЗА и 12 воздржани. Колку за потсетување минатата година само во месец јануари во рок од два дена поради снегот , мразот и студот на тротоарите низ градот настрадаа околу 30 тина граѓани од кои повеќето со скршеници завршија во Клиничка Болница. Каква ќе биде сликата годинава , останува да видиме.