Далибор за ласерската корекција на диоптрија во Систина Офталмологија

0
1038

Далибор Шамески е македонец кој веќе неколку години успешно води сопствен бизнис во Германија. Од неодамна решил да се ослободи од очилата и да подлегне на ласерски третман кој потполно ќе му го врати видот.

„Имав потреба од ласерска корекција на диоптрија бидејќи очилата многу ми пречеа во секојдневниот и професионалниот живот. Дури ни на одмор не можев да се избањам како што треба. На интернет ги разгледав можностите за операција во Германија, но условите кои беа понудени од Систина офталмологија ми беа поприфатливи. Дојдов во Македонија на одмор со очила, а заминувам без нив. Се чувствувам прекрасно и задоволно и сега можам да уживам во одморот благодарение на целиот тим на Систина Офталмологија за кој имам само пофални зборови“, изјави Далибор Шамески кој живее и работи во Билефед Германија и има сопствена фирма за автомобили.

Во Македонија оваа метода на ласерска корекција на диоптрија успешно ја изведува врвниот и искусен тим на  Систина Офталмологија,  во соработка со најголемата Универзитетска клиника „Свјетлост“ од Загреб. Оваа универзитетска очна клиника е прва во Хрватска која започна  да работи ласерско отстранување на диоптрија уште пред 17 години и до сега оперирала преку 50.000 очи, соопштија од Систина офталмологија.