Далматинска клапа за Денот на државноста на Хрватска во Битола

0
621

Со повеќе активности, во НУ. Завод и музеј во соработка со Општина Битола, македонско – хрватското друштво и хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ од Битола, како и во соработка со хрватската матица на иселеници Сплит и Хрватската Амбасада, традиционално и годинава, беше одбележан Денот на државноста на Хрватска.
Празникот на кој се чествува историската одлука за осамостојување на земјата од поранешна Југославија, е донесена од Хрватското собрание на 25 јуни 1991 година, по референдумот на кој 92,18 проценти од Хрватите гласаа за независност.
Меѓу присутните бројни гости од Хрватска меѓу кои потпретседателот на КУД. Далмација од  Дуги рат и градоначалникот на оваа општина.
Во рамките на реализираните активности беше отворена изложбата на хрватската уметничка Нивес Чичин Шаин, а се одржа и концерт на хрватската клапа Вокалистите на Салона, кои оваа година одбележуваат 43 години постоење.
Во текот на своите гостувања настапуваат во најреномираните концертни сали низ светот, освојуваат бројни награди и признанија почнувајчи од фестивалот на Далматински клапи во Омиш, Вечери на далматинска песна во Каштелите, Вечери на сакрална музика во Синј, па се до натпреварите на меѓународните фестивали во Загреб, Верона, Барселона , Париз, Америка, Канада, Шпанија, Словенија, Црна Гора, Италија, Австрија, Германија, Франција, гостувања од кои редовно се враќаат со награди.Добитници се на 3 порини, награди за најголеми достигнувања во Р.Хрватска.
Настанот беше во рамките на Бит. фест, а воедно се одбележуваат и 23 години од постоењето на МХД.и Хрватски култутрен центар Марко Марулиќ, организатор на многубројни концерти, гостувања, настапи на хрватски уметници во Битола , како и македонски во Хрватска.