ДаМар за мирен сон

0
603


Sleep шоп ДаМар е новоотворен салон во Прилеп, специјализиран за душеци
и производи кои се потребни за уредување на една спална соба.

Во богатата понуда тука се над душеците, перници, јоргани, прекривки,
постелнини, како и крпи, бањарки и слично.
Душеците во ДаМар, се од реномирани брендови меѓу кои Dream by Almak,
Alexandro и Треска.
Исто така ги имаат и производите од  Comfy Angel како и од турските
реномирани компании
Fabress, Louca Patisca, Cemil Ipekci.
Идејата за отварањето на ваков салон во Прилеп, доаѓа од недостигот на
вакво место, во кое може да се одбере душек по свој избор, кој
потрошувачот може да го проба и да направи разлика.
Исто така сопствениците поаѓаат од фактот што здравиот сон е значаен
сегмент за здравјето на луѓето, а секој човек поминува една третина од
животот во спиење.
Целта на ДаМар  е да им се помогне на нивните клиенти да ја уредат
својата спална соба со убави и квалитетни производи, да им го подобрат и
разубават сонот, а со тоа и нивното здравје.
Продавницата се наоѓа во новата катна гаража или новиот City Centar ,
покрај реката, наспроти Грчката црква.
Уредена е во модерен стил, во кој посетителите ќе се чувствуваат
пријатно, ќе добијат  беспрекорна услуга и висок квалитет на
производите.
Доставата на душеците е бесплатна во цела Македонија.