Дамјан Пејчиноски настапи во Битола

0
609

Со моќен, енергичен и впечатлив настап, познатиот гитарист Дамјан Пејчиноски, еден од најдобрите гитаристи на домашната сцена,
во дворот на пациото во Завод и Музеј Битола, приреди вистинско музичко уживање исполнето со звуците на гитарата.
Битолчани имаа чест и задоволство да уживаат во Jazz, Gypsy Jazz, Rock и Classical изведбите.
Пред битолската публика и многубројните туристи, Дамјан се престстави со неверојатен концерт и извонреден репертоар на композиции со авторски аранжман, во придружба на двајца свои колеги.

Со четири изведби на познати композиции,л аранжирани за оркестар, Пејчиноски беше специјален гостин на вториот концерт од серијалот „Smoke on the water“, заедно со претседателскиот оркестар на Белорусија, предводен од Маестро Виктор Бабарикин.

Идниот период го очекуваат уште концерти меѓу кои и оние преку бендот Шајн.
Дамјан со гитарата другарува од својата шестта година, но вистинскиот интерес се пројавил во тинејџерските денови. Бил член на бендовите „Ворнинг“, „Абракадабра“ и „Џамп старт“. Во 2002 година на реномираниот фестивал „Рок-фест“ беше прогласен за најдобар гитарист, а наградата гитара „јамаха“ лично му беше доделена од маестро Влатко Стефановски.
Пејчиноски е доказ дека Македонија има млади таленти, кои што можат да се носат рамо до рамо со светските големи имиња.

Концертот на Дамјан Пејчиновски трио, беше дел од програмата на најдолгото културно лето во Македонија, БИТ ФЕСТ .