Данец заразен со опасниот вирус Зика

0
544

Дански турист бил заразен со вирусот Зика додека бил во посета на јужна и централна Америка, соопштија данските здравствени власти. Пациентот имал главоболка и болки во мускулите по што вчера било утврдено дека е заразен со вирусот. Болницата каде што е сместен не соопшти други детали, но кажа дека има мал ризик од ширење на болеста во Данска, зашто комарец што го носи вирусот не е пронајден во земјата. Вирусот предизвикува да се раѓаат бебиња со невообичаено мали глави, состојба позната како микроцефалија.

Без коментари

LEAVE A REPLY