Дани Алвес се збогува со Каталонците

0
502

Очекуваното ново засилување на Јувентус, Даниел Алвеш, изјави дека е подготвен за новиот предизвик во кариерата. Бразилецот доаѓа во Торино како слободен агент и се очекува во наредните денови да потпише договор за две години. Тој се надева дека ќе и помогне на „старата дама“ да постигне успех во Европа.

„Секогаш сум среќен. Дојде моментот за промена во мојата кариера. Освоив толку многу со Барселона но, сега дојде време да побарам нов предизвик, да уживам во Италија и да помогнам на Јувентус да постигне успех во Европа“ вели Алвеш.

„Веќе се збогував со фановите на Барса, им реков дека не си одам засекогаш. Сигурно ќе се вратам бидејќи си останувам фан на Барса “, изјави Алвеш.