Даниел Кајмакоски и Наум Петрески за дочекот на 2016 во Битола

0
938
Bitola New Year 2016 Decoration

Даниел Кајмакоски и Наум Петрески ќе ги забавуваат битолчани на плоштадот „Магнолија“ за новогодишната вечер.

Програмата започна на 28 декември со концертот на Камерниот оркестар, продолжува до 31 декември со детска програма, театарски претстави, концерти, а вечерта на 31 декември настапуваат Х Бенд, Сефедин Бајрамов, Борче Наумовски, Сашко Савевски, Паркети, Памперс, Виктор Апостоловски, Стефанија Милевска, Даниел Кајмакоски и Наум Петрески.