Даночниците почнаа со проверките во хотелите и одморалиштата

0
223

Од хотели so пет ѕвездички до скромни таверни грчките даночни инспектори го насочуваат вниманието кон даночно затајување во летните одморалишта, објави “Ројтерс”. Владата извести дека ветената од премиерот Алексис Ципрас борба против даночното затајување е во тек, една недела по големото зголемување на ДДВ.

Проверки од екипата на министерството за финансиски криминал во последната недела открија даночни прекршоци во речиси една од секои четири проверени компании, рече тој. Кастрењето на на буџетот го остави тимот на финансиското Министерство за борба против финансискиот криминал со недоволен персонал, но дополнителни инспектори ќе бидат повикани од други министерства, за да помогнат во ревизорските кампања, изјави Алексиадис.

Според условите на третата кредитна програма за Грција ДДВ беше зголемен во хотелите и рестораните на островите во Егејското Море што доведе до поплаки од работодавците во туристичката индустрија, кои велат дека оваа мерка ќе влијае врз приходите во екот на туристичката сезона.