Данците открија вакцина против кламидија

0
215

Тим научници од Универзитетот во Копенхаген и Данскиот државен институт за серум се подготвуваат за проба на новата вакцина против кламидијата, на луѓе.

Данците се на прагот од големо откритие, против болеста од која годишно заболуваат 100 милиони луѓе ширум светот, јави Politiken во понеделник.

Научниците од  Универзитетот во Копенхаген и Данскиот државен институт за серум развија вакцина која успешно делува кај глувци и прасиња, а сега се тестира на примати во Франција.

„Успешно изолиравме бактерија кламидија и развивме систем кој создава антитела во самиот имун систем во организмот, што се бори против бактеријата. Работи кај глувци и кај прасиња, и сме многу оптимистични па се подготвуваме и за проба на човек“, вели истражителот Петер Лавец Андерсон.

Кламидијата е сексуално пренослива болест што погодува до 100 милиони луѓе ширум светот. Најчесто, од неа заболуваат млади под 25 години, Повеќето луѓе немаат симптими дека ја имаат бактеријата, но таа може многу негативно да влијае на репродуктивниот систем кај жените, па тие понекогаш не можат да забременат.

„Се надеваме дека со новата вакцина, ќе го натераме имунитетниот систем кај луѓето да биде подготвен за акција кога бактеријата кламидија ќе го најави своето присуство по сексуален однос. Ќе биде голем чекор во борбата со оваа широко распространета болест и ќе придонесе за намалување на двојките кои  нема да можат да имаат деца како резултат на инфекцијата“, вели Андерсен.

Резултатите од ова истражување се објавени во The Journal of Infectious Diseases.