Dare to dance со награди на Скопје Open

0
418

Студиото за модерен балет и хип хоп Dare to dance од Битола, учествуваа на интернационалниот натпревар по модерни и спортски танци -Скопје Open, од кој натпревар повторно се вратија со награди.
Со оглед на тоа што ова не е прв натпревар на кој ова студио учествува , подготовките за натпреварот се одвиваа за еден месец.
За членовите на Dare to dance, танцот е уметност преку која ги изразуваат своите емоции.
На Скопје Open учествуваа 10 држави од цела Европа и околу 150 танчери.
Ова се само дел од наградите кои ова студио ги освоило од почетокот на своето постоење до денес.